Без разлика дали жените се во долга врска или во брак, тие многу често бараат по некој изговор за да избегнат секс со својот партнер…

break-up-man-love-800x800Tоа е така, иако како и за секоја друга тема, и за оваа треба да бидете искрени.

Во продолжение, прочитајте ги најчестите наивни изговори на жените со кои ја избегнуваат поканата за секс.

1. „Може да почекаме да заврши серијата?“ – Овој изговор е голем удар за машкото его, кој за секунда ќе го „олади“.

2. „Ќе ги разбудиме децата.“ – Веројатно ова е најчест изговор на жените кои се во брак и имаат деца.

3. „Не се истуширав.“ – Ретко кој маж би ја гледал оваа ситуација како проблем, но жените сепак ја користат.

4. „Уморна сум.“ – Можеби навистина сте уморни, исто како и вашиот партнер. Но, редовниот секусален однос е важен за квалитетна врска или брак.

5. „Ме боли глава.“ – Ова е можеби најпопуларниот изговор на жените кој навистина нема смисла. Ако навистина ве боли глава, напијте се апче.

6. „Ладно ми е.“ – Ако не сте знаеле, сексот е најдобар начин да се загреете во секунда.

7. „Зар не може малку да се галиме?“ – Разменувањето нежности секогаш е добредојдено, но исто така совршено одговара со страстен сексуален однос. Затоа наместо да го користите ако изговор, комбинирајте го со секс.

8. „Не сум депилирана.“ – Уште еден смешен изговор, посебно ако сте во долга врска или во брак. Зар мислите дека на вашиот партнер му сметаат малку подраснати влакненца?

9. „Ме боли стомакот, имам ПМС.“ – Бидете внимателни со овој изговор, бидејќи кога навистина ќе биде така, партнерот нема да ви верува.

10. „Утре морам рано да станам.“ – Секако дека мора да станете рано, но со оглед на тоа што секој ден станувате рано, ова не е и некој добар изговор.