Одлуките и причините за раскинување понекогаш не се едноставни, а најчесто не може да се дефинира само една работа поради која се раскинува врската. Сепак, ги издвојуваме најчестите причини поради кои мажите раскинуваат…

Young couple fighting

Не е спремен за сериозна врска

Ова е најчестата причина поради која мажите раскинуваат. За нив сериозна врска значи откажување од многу работи, компромиси и дополнителни обврски. Поради тоа ја гледаат врската како товар, а не како нешто во што уживаат.

Не се грижите доволно за себе

Ова е доста застапена причина за раскинување на врската, посебно ако дојде до промена од почетокот на врската. Ако не се грижите доволно за тоа како изгледате, мажот ќе изгуби интерес за вас. Освен тоа, тој смета дека и вие не се грижите доволно за него, па затоа не се грижите ни како изгледате пред него.

Премногу се карате

Расправиите околу секоја ситница го нарушуваат секој однос. Ако на долги патеки не можете за ништо да се договорите, врската станува тешка за одржување.

Постои друга жена

За претходните проблеми речиси секогаш може да се пронајде решение, но во оваа ситуација тешко дека би можеле некако да влијаете. Тогаш врската зависи најмногу од него.

Премногу сте различни

Без разлика на тоа колку сте биле слични на почетокот и колку слични цели сте имале, со тек на време тоа може да се промени. Многу парови стигнуваат до точка во која сакаат различни работи. Многу често тие разлики се поврзани со навиките, карактерите и целите.

Очекувате премногу од него

Добро е да го поттикнувате да успее во тоа што го сака, но ако од партнерот очекувате премногу или тоа премногу го нагласувате – тоа почнува да делува демотивирачки и фрустрирачки. Чувството дека не може да го исполни тоа што го очекувате од него влијае негативно на целата врска.