Единствениот сателит на нашата планета, Месечината отсекогаш била голема мистерија и побудувала различни митови и легенди во човековата историја…

-moon-a

Многумина ја сакаат и се фасцинираат од нејзината појава  и променливост која во минатото на луѓето им била ориентација според која луѓето ги извршувале работите. Ова се некои од најинтересните факти за ова небесно тело.

На Месечината постои човек.Тоа сепак не е вистински човек, туку според вселенската агенција НАСА, она што ние го гледаме од Земјата а изгледа како текстура на човечки лик, се всушност вдлабнатини кои се исполнети со темни базалтни карпи.

На Месечината досега имаат одено 12 луѓе.Нил Армстронг бил првиот човек кој стапнал на неа во 1969 година. Од најпознатите луѓе кои стапнале на неа се и Баз Алдрин и Алан Бин од „Аполо 12“, а на ова мисија молња двапати ја погодила ракетата по лансирањето, со привремен прекин на енергија.

Ова небесно тело се загрева и лади многу повеќе од Земјата. Може да се загрее до 126 степени Целзиусови и да се олади до – 170 степени Целзиусови. Бидејќи околу себе нема воздух, таа е склона кон вакви температурни екстреми.

Отприлика месец дена трае Месечевата обиколка околу Земјата. Целосното свртување трае 27 дена, но уште два дена , вкупно 29,5 трае преминот од една млада месечина до следната.

Секоја полна Месечина има различен назив. Во септември се нарекува Жетвена Месечинa, во јуни Јагодеста Месечина, во август Рибеста Месечина и во јули Молневита Месечина. Иако на Месечината постои област која се нарекува Море на мирнотијата (Sea of Tranquility), всушност не постои море. Заблудата потекнува од Галилео Галилеј, првиот човек кој го студирал ноќното небо користејќи телескоп. Иако ова е докажано како спротивно, името едноставно останало до денес.

Месечината има гравитација и тоа не значи дека објектите пловат нагоре ако ги пуштите на тлото на Месечината. „Тоа е така затоа што Месечината има помала маса од Земјата. Има една шестина од земјината гравитација на својата површина“ – забележува НАСА.

Таа не е совршено тркалезна, туку има јацевиден облик, а според НАСA поголемиот крај е насочен кон Земјата.Месечината не се зголемува на хоризонтот тоа е само оптичка илузија. Месечева илузија која создава трик во човековите очи. Иако не постои време на Месечината, на неа постои лед, а НАСА смета дека тој доаѓа од кометите.

Извор: Plusinfo.mk