
Доколку спаѓате во оној тип на луѓе кај кои камерата е многу важен фактор при нивниот избор за телефон, тогаш погледнете ја листата од топ пет мобилни за 2014-та години кои ви ги препорачуваме.
Со пристигнувањето на Nokia Lumia 1020 и неговата 41 мегапикселна камера не потсетија сите нас колку далеку стигна технологијата доколку го земеме во обзир телефонот Sharp J-SH04, кој ни беше претставен во 2000-та година со неговата “моќна“ 0.11 мегапикселна камера и 256 бои на екранот.
Погледнете ја кратката листа од петте најдобри камери за 2014-та година.
Nokia Lumia 925
Иако камерата на Nokia Lumia 1020 има повеќе пиксели, дизајнот на оваа Nokia е поелегантен, а можеме да кажеме дека и неговата камера одлично функционира. Таа поседува 8.7 мегапикселен сензор кој се наоѓа веднаш под LED светлото. Исто како и на новиот модел (Lumia 1020) , имаме пристап до Pro Camera, апликација која ги содржи сите работи кои ни се потребни за едитирање на сликите.
Апликацијата Cinemagraph овозможува да спојуваме слики и видеа заедно, автоматски креирајќи краткометражни филмови. Видеото е 1080р, а има и 1.2 мегапикселна предна камера наменета за видео повици и “селфис“.
Samsung Galaxy S5
Samsung навистина се труди да ги нагласи сите можности што ги поседува камерата на новиот Galaxy S5. Тој го има најбрзиот автоматски фокус од сите паметни уред до сега кој изнесува 0.3 секунди. Исто така го има селективниот фокус, кој ни дозволува да ја замаглуваме позадината до кој степен сакаме, ефект кој го поседуваат полупрофесионалните апарати.
Иако камерата на Z1 беше одлична, Sony одат чекор подалеку со овој модел и го носат на врвот. Овој телефон ви овозможува да снимате 4К видеа, највисоката резолуција моментално. Со 20.7 мегапикселната камера заедно доаѓаат и HDR, 8x дигитален зум како и предна камера од 2.2 мегапиксели. Исто така Sony Xperia Z2 е водоотпорен, со што можете да фотографирата во вода а потоа да ги едитирате користејќи ги многуте достапни апликации.
Nokia Lumia 1020
Линијата Lumia на Nokia содржи телефони кои поседуваат квалитетна камера. Со 4,5 инчниот екран добиваме и 41 мегапикселен сензор, 33 пати повеќе од iPhone 5s. Но, исто така овој телефон ни нуди повеќе опции со зумирање, како и Pro Camera, апликација која ви овозможува целосно едитирање на сликите.
За фотографирање во текот на вечерта има Xenon блиц и целосна поддршка за снимање на HD видеа.
iPhone 5S
Apple се до iPhone 4S би можеле да кажеме дека имаше помалку квалитетни камери, но од тогаш до сега тие успеаа да се издигнат и да ги направат едни од најдобрите. Иако камерата има само 8 мегапиксели, тие успеваат да избалансираат со тоа што сензорот е покриен со сафирен објектив кој помага да се постигне поголем квалитет на сликата.
Наместо обичен блиц, Apple во 5Ѕ имаат додадено TrueTone верзија, која помага при одредување на тенот на кожата што резултира со пореалистичен изглед на сликата. Исто така, камерата овозможува панорамско сликање, идентификација на лица и автоматска стабилизација. Видеото се снима со 1080p на 30fps, но најзабавното нешто е способноста да се снима во slow-motion (спора снимка).
Извор: GSM.mk