Еден од најголемите проблеми кој го имаат денешните телефони е траењето на нивната батерија.

Иако на почетокот полнењето се одвива еднаш во текот на денот или во два дена, после некое време сте приморани да го полните својот телефон два пати во денот…

baterija_android

Доколку сакате да пробате различни начини за да ја заштедите батеријата на вашиот телефон што е можно подолго, би можеле да ја симнете оваа апликација која би ви го овозможила тоа.

Таа има повеќе од 20.000.000 симнувања и рејтинг од 4,6 ѕвезди.

Easy Battery Saver е моќна апликација, која е дизајнирана за да го продолжи животот на батеријата, со тоа што се справува со мрежата како и со осветлувањето на екранот. Исто така додека спиете преку одредени опции би заштедиле уште повеќе на вашата батерија.

Easy Battery Saver можете да го наместите на четири различни типа:

1. General Saving Mode каде што има контрола врз мрежата, екранот и заштедува доволно за да го поминете денот;

2. Intelligent Saving Mode користи осум различни контроли и заштедува повеќе батерија од General Saving Mode;

3. Super Power Saving Mode со кој вашиот телефон никогаш нема да се исклучи кога највеќе ви е потребен;

4. Advanced Customize Mode ви овозможува сами да изберете кои функции на телефонот ви се битни, а кои не, и трошењето на вашата батерија е сведено на минимун.

Доколку сакате да ја имате оваа апликација кликнете тука!

Извор: GSM.mk