11-то европско првенство во ракомет 2014 ќе се одржи на скандинавскиот полуостров, поточно во Данска и тоа започнува во недела на 12ти јануари и ќе трае се до 26ти јануари.

rakomet_2014

Македонија, учествува на ова ЕП и се најде во групата А каде што ќе ја дружат екипите на Данса, Чешка и Австрија. Првиот натпревар го играме веќе во недела, на првиот ден против домаќинот Данска со почеток од 20:30. Останатите натпревари ги играме на 14ти со Чешка и на 16ти со Австрија.

Во групата Б се наоѓаат репрезентациите на Шпанија, Исланд, Унгарија и Норвешка. Во групата Ц се најдоа Србија, Франција, Русија и Полска и во последната група Д ќе играат Хрватска, Шведска, Белорусија и Црна Гора.

680px-2014_European_Mens_Handball_Championship.svg_1

Македонија досега има учествувано на 2 еп 1998 во Италија и 2012 во Србија, ова ќе е трето учество. Инаку, земји со најмногу учества се: Франција, Шпанија, Хрватска и Русија кои досега немаат пропуштено ниту едно ЕП во ракомет.

Им посакуваме среќа на нашите момци на ова ЕП и да се вратат горди.

Извор: Think.mk