Во те­кот на из­ми­на­ти­те де­сет го­ди­ни Кина  ос­тва­ри зна­ча­ен еко­ном­ски нап­ре­док, но по­ра­ди ла­ба­ви­те за­ко­ни за ра­бо­та и за заш­ти­та на жи­вот­на­та сре­дина, во оваа зем­ја сѐ уш­те се слу­чу­ва­ат чуд­ни ра­бо­ти што се не­воз­мож­ни во дру­ги­те де­ло­ви од све­тот…

273269_foxconn-afp_ffМре­жи што фа­ќа­ат са­мо­у­бијци

Во кам­пу­сот на фа­бри­ка­та Фок­скон се по­ста­ве­ни мре­жи што ги спре­чу­ва­ат ра­бот­ни­ци­те да се уби­ва­ат со скок пре­ку про­зо­ре­цот во со­ба­та за спи­ење. Ар­ми­ја­та од око­лу 300.000 ра­бот­ни­ци се­кој­днев­но се со­о­чу­ва со ис­клу­чи­тел­но теш­ки ра­бот­ни ус­ло­ви во оваа фа­брика.

Пог­реб во море

Гроб­ни­те мес­та во Ки­на се мно­гу скапи, па ло­кал­ни­те влас­ти ги пот­тик­ну­ва­ат се­меј­ства­та на по­чи­на­ти­те да се оп­ре­де­лат за пог­реб во море. По­точно, ста­ну­ва збор за ис­ту­ра­ње на пе­пел­та во мо­рето, а во од­ре­де­ни де­ло­ви од зем­јата, на се­меј­ства­та им се ну­ди 1.300 до­ла­ри на­до­мес­ток ако се сог­ла­сат на оваа оп­ција.

Лаж­ни про­дав­ни­ци на „Епл“

Ки­не­зи­те ве­ќе не се за­до­во­лу­ва­ат са­мо со ко­пи­ра­ње на поз­на­ти­те свет­ски про­из­води, ту­ку пра­ват и це­ли лаж­ни про­дав­ници. Нај­поз­на­то­то так­во мес­то е лаж­на­та про­дав­ни­ца на „Епл“ во Ку­н­минг, на ју­гот на Кина.

Ку­ќи на врвот на зграда

Во го­ле­ми­те гра­до­ви сло­бод­ни­те плацо­ви ста­ну­ва­ат вис­тин­ски лук­суз, па Ки­не­зи­те поч­наа да кра­дат ку­ќи на пок­ри­ви­те на згра­дите.

Ска­пи бу­башваби

Фар­ми­те за од­гле­ду­ва­ње бу­башва­би се сѐ по­по­пу­ларни, би­деј­ќи овие бу­бач­ки се ко­рис­тат во ки­нес­ка­та ме­дицина. По­ло­ви­на ки­лог­рам су­ше­ни бу­башва­би не­ко­гаш чи­не­ле 2, а се­га чи­нат 20 до­лари!

Ап­се­ње по­ра­ди слу­хо­ви за крај на све­тот

Ако во Ки­на се ше­гу­ва­те на смет­ка на ма­јан­ско­то про­рош­тво за кра­јот на све­тот, мо­же­те да би­де­те уап­сени. Еден Ки­нез ја пот­ро­шил це­ла­та се­меј­на заш­те­да за из­град­ба на брод за пре­жи­ву­ва­ње на апо­ка­лип­сата.

Лов­ци на пар­тнери

Јанг Џинг е соп­стве­ник на ком­па­ни­ја што ну­ди лов­ци за пар­тнери. Так­ви­те лов­ци до­би­ва­ат сто­ти­ци до­ла­ри за да ба­ра­ат иде­ал­ни пар­тне­ри по тр­гов­ски­те цен­три или пар­тнер­ки за сво­и­те кли­енти.

Бор­ба на штурци

Бор­ба­та на штур­ци се сме­та за спорт, а за од­гле­ду­ва­ње­то и тре­ни­ра­ње­то на овие ин­секти, Ки­не­зи­те тро­шат мно­гу време. Шту­ре­цот шам­пи­он мо­же да дос­тиг­не це­на и од ду­ри 1.635 до­лари.

Де­тер­гент во мле­кото

Ки­нес­ка­та ин­дус­три­ја на мле­ко ја по­го­ду­ва­ат скан­да­ли уш­те од 2008 го­дина. Во мле­ко­то се про­нај­де­ни не­доз­во­ле­ни чес­тички, вклу­чу­вај­ќи и де­тер­гент за ми­е­ње са­дови.

Мрт­ви сви­њи пло­ват по ре­ките

Ре­чи­си 6.000 мр­тви сви­њи беа за­бе­ле­же­ни во март на пов­рши­на­та на ре­ка­та Ху­ан­гпу во бли­зи­на на Шан­гај. Во во­да­та е про­нај­ден ви­рус што е ко­бен за сви­њите, но не вли­јае на лу­ѓето.

Ре­ал­но шоу за осу­де­ни­ци­те на смрт

Ре­ал­но­то шоу „Ин­тер­вјуа пред ег­зе­ку­ција“ („Interviews Before Execution“) ги при­ка­жу­ва осу­де­ни­ци­те на смрт пред ег­зе­ку­ци­ја­та и е вис­тин­ски хит во Кина.

Двој­ни­ци за су­дење

Бо­га­ти­те Ки­не­зи тро­шат ог­ром­ни су­ми за про­на­о­ѓа­ње двој­ник што по пот­ре­ба го пра­ќа­ат на су­де­ње на кое тие тре­ба да би­дат при­сутни.

Раз­вод по­ра­ди да­нок

Во Пе­кинг сѐ по­го­лем број двој­ки од­лу­чи­ле да се раз­ве­дат за да го од­бегнат пла­ќа­ње­то да­нок за ка­пи­тал­на до­бивка. Ре­чи­си 40.000 двој­ки пот­пи­ша­ле раз­вод на бра­кот во први­те де­вет ме­се­ци од оваа го­дина, што е за 41 от­сто по­ве­ќе во од­нос на 2012 го­дина.

Увоз на свин­ска сперма

Ки­на е нај­го­лем кон­су­мент на свин­ско ме­со во све­тот, а рас­тот на це­на­та на свин­ско­то ме­со при­до­не­сол за ин­фла­ци­ја­та во оваа зем­ја што се слу­чи го­ди­нава. За да се из­бо­рат со тоа, Ки­не­зи­те пот­пи­ша­ле до­го­вор вре­ден 73 ми­ли­о­ни до­ла­ри со Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја за увоз на свин­ска сперма.

Вло­жу­ва­ње во ореви

Бо­га­ти­те гра­ѓа­ни на Ки­на вло­жу­ва­ат го­ле­ми су­ми во пре­ра­бот­ка и про­даж­ба на ореви. Не­о­дам­на е от­кри­е­но де­ка не­кој из­мам­ник про­да­вал лаж­ни оре­ви пол­не­ти со це­мент.

Пла­те­ни убис­тва на хе­рои од Вор­крафт

Еден заг­ри­жен татко, кој се прет­ста­вил ка­ко гос­по­дин Фенг, ан­га­жи­рал пла­тен уби­ец да го лик­ви­ди­ра вир­ту­ел­ни­от ка­рак­тер на не­го­ви­от син во иг­ра­та Вор­крафт. Мла­ди­от со­ф­твер­ски ин­же­нер дал от­каз и по­ми­ну­вал це­ли де­но­ви иг­рај­ќи ја спо­ме­на­та­та игра.

Извор: Plusinfo.mk