И оваа година како и претходните наназад традиционално се избраа најуспешните кик боксери и спортски работници за 2013 година…

karas-19527

Манифестацијата за прогласување на најдобрите се одржа вчера во присуство на Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт Марјан Спасески , претставници на Сојузот на Спортски Федерации, пријатели и поддржувачи на кик бокс спортот КИК БОКСИНГ ФЕДЕРАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ГИ ПРОГЛАСИ НАЈУСПЕШНИТЕ ЗА 2013 ГОДИНА.

ЗА НАЈУСПЕШЕН СПОРТИСТ на КБФМ ЗА 2013 е прогласен ДИМИТАР ЃОРЃИЕВ. Инаку Димитар Ѓорѓиев е носител на златен медал од Светското првенство во Анталија ,2013год. и заслужено го понесе приматот спортист на КБФМ за 2013год.Наградата му ја врачи Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт Марјан Спасески.

Меѓу најуспешните кик-боксери исто така се најдоа и нашите најдобри кик-боксери од Делчево кои се закитија со следниве признанија:

Малиот ПАВЕЛ СТОЈЧЕВСКИ се закити со признанието во категоријата за НАЈУСПЕШНИ КАДЕТИ,

КРИСТИНА СТОЈЧЕВСКА го доби признанието за НАЈУСПЕШНА СЕНИОРКА на ТАТАМИ, 

ЕЛЕНА СТОЈЧЕВСКА пак беше прогласена за најдобра во категоријата НАЈУСПЕШНИ ЈУНИОРКИ.

1661799_741288032549333_59145425_n

Инаку меѓу НАЈУСПЕШНИТЕ СУДИИ се најде и со признание се закити и ЉУПЧО СТОЈЧЕВСКИ од Кик-Боксинг клубот АС од Делчево.

Со признание се закити и нашиот Кик Боксер и репрезентативец МИКИ ИВАНОВСКИ.

Ние им посакуваме многу успеси и понатаму, како и многу освоени медали и признанија во понатамошните натпреварувања.