
Еден од најдобрите македонски актери, познат по неговата харизма и смисла за хумор Тони Михајловски. Пред неколку години сними неколку вицови во негов стил за проекто куде.мк. Ние денес одлучивме да пуштиме некои од нива за да ви го разубавиме денот. Слушнете ги овие вицови кои се спакувани во едно видео и уживајте.
Во некоја продавница за се и сешто, напишале оглас, се бара продавач. Доаѓа еден човек вика Здраво, барате продавач. Да, бараме. Можам ли да се пријавам, со оглед на тоа дека имам проблеми со зборењето. Може, ли еден час пробно. Газдата му вели може, ајде да пробаме. На кој одел ке ме ставите. Газдата му вели, па ајде на спорт и риболов.
Оди човекот горе, а газдата влегува во собата за мониторинг, да го набљудува. Откако влегол во просторијата, го гледа човекот веќе горе сериозно фатен за работа вели на еден муштерија, ќе си земеш ваков конец овој е за големи риби, телескоп имаш ли. Муштеријата вели, немам ништо.
Ќе си земеш телескоп за големи риби тие се во длабоките води. Какви конци имаш. Овој вели немам никакви. Дечкото му нуди ќе си земеш од сите видови, дебели, тенки, земи си цел сет. Зема човекот, а продавачот го прашува, глисер имаш ли, овој пак вели немам, на што продавачот му вели, ќе си земеш, зошто да се заморуваш да веслаш на рака, ќе треба рибите да ги вадиш.
Овој зема и глисер, по што продавачот го прашува дали има приколка, муштеријата пак негира, а продавачот го прашува дали на грб ќе го носи и му дава и приколка, по што го прашува што кола има, а муштеријата одговара имам фиќо. Продавачот упоред продолжува и му вели со фиќото на некој угорница ќе ти тргне назад, еве ти еден џип. Го опремува од „глава до пети“, а газдата гледа и не му се верува.
Доаѓа горе кај дечкото и му вели, ќе те вработиме, ваков продавач до сега немам видено, како го убеди да купи толку многу работи. Дечкото му вели, газда овој дојде ме праша дали имаме улошки, а јас сум реков што ќе ти се зар седум дена дома ќе седиш, иди си по риба, будало една.