Престижната награда за најдобра туристичка дестинација на светот за 2014 година ја доби Мјанмар. Наградата ја доделува  Советот за туризам и трговија на Европската Унија…

MYANMAR_TVC-564x272

Мјанмар ја добива наградата поради унапредувањето на туристичката индустрија, грижата за безбедноста на туристите и поради чувaњето на културно-историското наследство, уникатно не само во Азија, туку и во светот.

Минатата Мјанмар ја посетиле два милиони туристи, од кои 885 илјaди допатувале со авиони. Годинaва се очекува посета на најмалку три милиони странски туристи. Бројот на туристите од странство  e zgolemen најмногу поради  укинувањето на визи за жителите на соседните земји и 16 други држави.

До 2007 година Мјанмар беше една од најзатворените држави на светот. Во процесот на демократизацијата во земјата беше и отварањето на четири гранични премини кон Тајланд, од каде што обично влегуваат странските туристи.

Извор: Faktor.mk