
Мацумо Хироки останал без својот смартфон за време на одморот во Банког, но подоцна користејќи ја апликацијата Find My iPhone испеал да ја открие девојката што му го украла.
Сепак, откако ги видел нејзините фотографии и простил, бидејќи девојката многу му се допаднала. Хироки се вратил во Јапонија купил нов iPhone 5C и преку iCloud следел што се случува на неговиот стар телефон. Се изненадил кога видел фотографии од млада и убава девојка од Тајланд.
„На фотките е толку слатка, што не сум сигурен што да правам. Толку е убава што би и рекол да го задржи телефонот ако излезе со мене“ – напишал Хироки на својот Twitter.
На крајот и пратил порака, но му стигнал одговор со фотографии од друг маж. Откако конечно ја затворил својата iPhone сметка твитнал порака од новата сопственичка, која му пишала дека и е мило што го запознала.
Извор: GSM.mk