
Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) ја започна постапката за избор на нови раководства на Локалните клубови на СДММ ширум Македонија…
На редовна Конференција на Локалниот клуб на СДММ од Делчево која се одржа синоќа во просториите на партијата беше избран нов Претседател , како и ново раководство кои во наредните две години колку и што трае нивниот мандат ќе имаат за цел да го подобрат животот на младите, да ги детектираат проблемите во нивната средина и да понудат решенија за нивно надминување во Делчево.
Низ демократска и отворена постапка се избра нов Претседател на Локалниот клуб на СДММ во Делчево, како и нов Извршен одбор и Надзорен одбор.
За нов Претседател на Локалниот клуб на СДММ во Делчево беше избран Борче Иванов, магистер по правни науки, а на Конференцијата покрај изборот на нов Претседател беше избран и новиот состав на Извршниот и Надзорниот одбор на ЛК СДММ во Делчево кои од страна на делегатите беа едногласно подржани и избрани.
На Конфернцијата покрај делегатите, присуствуваа и Претседателот на СДММ, Стефан Богоев, како и Потпретседателот Марио Михајлов и Секретарот на СДММ, Трајче Нешковски. Меѓу присутните беа и пратеникот на СДСМ од Делчево, Голуб Ангелов, како и Претседателката на ОО на СДСМ, Мира Стојчевска.