
Министерот за здравство Никола Тодоров денеска го посети Пехчево, при што го посети Здравствениот дом…
Денеска во посета на Пехчево беше Министерот за здравство Никола Тодоров кој го посети Здравствениот дом во Пехчево, односно реконструираните простории во самиот Здравствен дом, при што направи увид во новата опрема која што беше набавена претходно.
-Со 2.5 милиони денари во опрема и со вредност од 1,1 милион денари за реконструкција на кровната конструкција, Министерството за здравство минатата година создаде услови за поефикасна здравствена заштита за жителите на Општина Пехчево и за жителите на околните места, – изјави Тодоров.
Инаку во Пехчево во Здравствениот дом има потреба од педијатар при што изјавија дека е распишан конкурс и за тоа место веќе има заинтересираност и се надеваат дека наскоро проблемот ќе биде решен. Инаку во Здравствениот дом во Пехчево моментално работат 34 лица .