
Министерот за финансии, Зоран Ставревски, очекува годинава во фабриките на странските инвеститори во индустриските зони во Македонија, да бидат отворени нови 6.000 работни места…
Тој посочи дека деновиве веќе има повеќе огласи за нови вработувања во фабриките на „Анфенол“ во Кочани и во „Џонсон Контролс“ во Штип.
– Од ден на ден се зголемува бројот на огласи со кои што се отвораат нови работни места од страна на инвеститорите. Деновиве имаме огласи во Кочани, Штип и во многу други делови во Република Македонија – изјави министерот по пуштањето во употреба на нов погон во фабриката за производство на акумулатори „Таб мак“.
Дали ова ќе се оствари во годината што е пред нас останува да видиме.Времето ќе покаже дали ова било реално очекување на Министерот Ставревски или било уште едно од многуте предизборни ветувања.