Според неофицијални информации од новинарите кои работат во Сител телевизија, новинарката, уредничка и презентерка во телевизијата, Ивона Талевска е тргната од програмата и од новинарскиот тим, односно е суспендирана на неопределено време.

ivona_sitel

За ова пишува и водителот близок на власта, Миленко Неделковски, на својата Фејсбук фан страна.

– Со изјавата на Тодоров за неетичка постапка, но и со потегот на Сител, Ивона да ја тргне од програмата (не знам на кое време), државата како и сопствениците и уредништвото на Сител јасно ставаат до знаење дека се дистанцираат од постапките на Ивона Талевска. Сител во ниту еден момент не ја заштити. А Тодоров најави преипситување на тендерот за да се види дали има незаконитости – напиша Неделковски на Фејсбук.

Други информации, пак, говорат дека Ивона добила отказ од телевизијата. Последното појавување на Талевска на екраните беше во саботата кога ги водеше само вестите во 16 часот, а потоа беше заменета од Славица Арсова.

Сепак, интересно е дека Сител телевизија се наоѓа на адресата Градски Стадион б.б. на која, пак, исто така, се наоѓа и фирмата ВИСАРИС МКД ДОО Скопје чиј основач е (суспендираната?!) новинарка и уредничка Ивона Талевска. Нејасно е како е можно фирмата на новинарката да биде регистрирана на иста адреса со адресата на телевизијата на газда Ѕинго, без знаење на сопственичкиот и уредничкиот тим. Досега од телевизијата молчат за ова.

Извор: Think.mk