
Металург освои бод против Динамо Минск откако во последното коло, во Ц групата во Лигата на шампиони, одигра 23:23.
Бод на Металург, му донесе Гоце Ојлески, кој по истекот на времето успеа да реализира удар од седум местри. Претходно, седмерецот го избори Лука Циндриќ.
Металург во Минск го предводеше Дарко Станиќ со 16 одбрани, додека најефикасни беа Ренато Вугринец со пет и Гоце Ојлески со четири голови. По три гола постигнаа Ванчо Димовски, Дајан Манасков и Лука Циндриќ.
Кај Динамо се истакна голманот Пејановиќ со 13 интервенции.
Извор: Sportski.mk