
Мачорот по име Бул од местото Лафи во Нигерија, е исфрлен од домот на газдарицата кај која седум години живеел, бидејќи наводно е хомосексуалец…
Оваа средовечна жена, која одлучила да се ослободи од долгогодишното домашно милениче, својата одлука ја образложува со тоа дека несреќниот мачор бирал свои „сродни души“ од спротивниот пол, односно покажувал „неприродно сексуално однесување“: се додворувал на мажјаци, а бегал од женки.
Ваквите заклучоци ги потврудваат и соседите, кои во разговорот за влијателниот нигериски весник на англиски јазик „Лидершип“ како клучен доказ за „погрешната“ сексуална ориентација на мачорот го наведуваат фактот дека ниту едно од мачињата кои во текот на неговиот живот во соседството се раѓале не наликуваат на него според бојата.
Индигнираната сопственичка, чие име не се наведува, заклучила дека „противприродното“ однесување на мачорот не и одговара, и дека „ако се најде некој заинтересеран за овој геј-мачор може веднаш да си го земе, бидејќи повеќе мене не ми е од никаква корист“.
Засега се уште никој не се јавил да го посвои несреќниот мачор, но соседите редовно се собираат околу куќата, за да се шегуваат и да се нагледаат на чудесии.
Извор: Plusinfo.mk