Некои апарати во домот се толку мали што е тешко да се замисли како можат да трошат многу енергија.

energija_struja

Големите апарати во домот како фрижидерите и греалките се типични примери за направи гладни за енергија, но ова не значи дека сите потрошувачи мора да се големи. Малите апарати колективно „цицаат“ многу енергија од мрежата и како што овие апарати стануваат се поголемо секојдневие, нивната потрошувачка на енергија расте експоненцијално.

Малите апарати кои се речиси постојано вклучени се полначите за мобилни телефони, полначите за лаптопи, дигиталните рамки за слики и многу други вакви „мали“ потрошувачи. Полначите за мобилен или лаптоп влечат енергија и кога апаратот за кој се наменети не е вклучен. И апаратите кои се секогаш вклучени, како звучници, принтери итн., трошат енергија
и кога се исклучени или се на „stand by“, а се вклучени во штекер. Ваквите апарати се наречени „енергетски вампири“. Проблемот се зголемува со постојаното зголемување на ваквите апарати.

Пред 30 години во просечен дом имало по два вакви апарати, а денес се наоѓаат просечно по дваесет. Додека фрижидерот зафаќа околу 8% од вкупно потрошената електрична енергија на годишно ниво, енергетските вампири зафаќаат околу 25%.

smart_tv

Како да се ослободиме од овие „вампири“? Наједноставниот одговор е да се исклучат и да се извадат од штекер сите апарати кои не се во употреба. Ако ова не е практично можно или згодно, тогаш постојат „паметни“ продолжени кабли кои можат да го запрат протокот на електрична енергија кога некој апарат не се употребува. На пример, ова е паметно решение за компјутерот, бидејќи кога тој е исклучен мониторот и другите придружни апарати се на stand by, а со ваков кабел можат да се исклучат сите непотребни потрошувачи. Знаејќи колку енергија се троши непотребно во едно домаќинство, со едноставно оставање на апаратите вклучени во струја и кога не се во употреба, секој од нас ќе најде време и мотивација за да си ги промени навиките.

Исто така, можеме да купуваме и енергетски ефикасни направи, како што се штедливите светилки.
Можеби ќе помислите дека ова не е точно, но ако обрнете внимание на сите мали апарати кои ги имате вклучено во домот, како мали светилки, тостер постојано вклучен во струја, телевизор, DVD плеер, звучници, полначи за телефони, сето ова постојано е вклучено во струја и едноставно„троши“ – не е никаква тајна или мистерија.

Повеќе на Think.mk