
Според податоците на Институтот за трансфузиона медицина, Македонците се хумани, кога станува збор за бројот на крводарители…
Имено, секој 40-ти Македонец, учествува во крводарителски акции, а според статистичките податоци, во 2013-та биле собрани 55.000 единици крв, со што годишниот план бил натфрлен за 5%.
„Во целата држава, во Институтот за трансфузиона медицина и во сите служби има доволни количини од крв од сите позитивни и негативни групи“, вели д-р Розмари Каламарес, Институт за трансфузиона медицина.
Сепак од Институтот напоменуваат дека крводарители почесто се повозрасни лица, а Црвениот крст „Супер е да си млад, кул е да си хуман“ се обидува да ја подигне свеста и кај средношколците и студентите.
Извор: Sky.mk