Вредноста на пронајдената марихуана се проценува на околу 600.000 евра…

c24b19d7-7e62-4696-bf96-c17f991d3eec

Македонски државјани Севим А. и Исмаил.А. се уапсени на граничниот премин „Батровци“ на српско-хрватската граница откако со камион се обиделе да пренесат 137 килограми марихуана, соопшти српската полиција.

Дрогата била сокриена во 64 спрецијално изработени дрвени штици, под церадата од камионот. Вредноста на пронајдената марихуана се проценува на околу 600.000 евра.