Во градникот на македонска патничка цариниците откриле 16.500 евра…

kes

Дванаесет илјади и тристотини евра се запленети од македонски државјанин на преминот „Блаце“ кој пренесувал 14.300 евра, но бидејќи не поседувал документ за потекло на девизите, цариниците му вратиле 2.000 евра, додека пак, во градникот на патничка цариниците откриле 16.500 евра, од кои 10.000 евра, износ што резидент може слободно да го внесе во државата, ѝ се вратени, извести Царинската управа.

Исто така, цариниците од шверцери заплениле 220 кошули, 173 метри памучна ткаенина, 272 парчиња од заштитни маски и ракавици, плотер-хартија, кутии и капаци од картон, 36 литри природен лек на база на печурки, 160 комплети женска долна облека со лого на заштитена трговска марка, а е откриен и обид за избегнување на царински давачки, при увоз на стока од странство за околу 145.000 денари.

Извор: Plusinfo.mk