
Ново задолжување од 36,4 милиони евра изгласаа денеска пратениците. Собранието го донесе денеска Законот за задолжување на земјава кај Меѓународната банка за обнова и развој…
Опозицијата не се согласи и со овазадолжување и оцени дека власта практикува да зема кредити пред избори.
– Оваа држава ја задолжувате прекумерно и тоа го правите непотребно, кога треба да се одржат избори. Овие пари ќе се трошат само за избори и за манипулирање и поткупување на гласачите во Македонија- рече пратеникот Марјанчо Николов од СДСМ.
Во реплика, Ромео Тренов од ВМРО-ДПМНЕ оцени дека СДСМ уште сега бара алиби бидејќи, како што рече, јасно ви е расположението кај граѓаните и знаете дека нема да поминете добро на изборите.
Заменик-министерот за финансии Ардиан Џеладини појасни дека овој заем ќе се поддржат активности во четири клучни области: развој на производство со висока додадена вредност, олеснување на преструктуирањето на земјоделскиот сектор, подобрување на ефикасноста на услугите на трговската логистика и воспоставување флексибилност на пазарот на труд, развој на вештини и иновација.