
Македонија зеде заем од 97 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа…
Управниот одбор на Банката го одобрил задолжувањето, кое треба да биде искористено за реновирање на клиниката „Мајка Тереза“ од Скопје и Регионалната клиничка болница во Штип.
Амбасадорот на Република Македонија при постојаната мисија во Советот на Европа Петар Поп Арсов за МИА вели дека заемот е доделен по барање на Владата, а треба да послужи за продолжување на модернизацијата на здраствениот систем на земјата и подобар пристап до него.
„Проектите кои ќе се финансираат со овие 97 милиони евра ќе го прошират простапот до здраствените услуги и нивен поголем квалитет, со подобрување на условите за работа на околу 2.000 вработени во овие здравствени установи“, рекол Поп Арсов.
Извор: Faktor.mk