
Македонската ракометна репрезентација избори пласман во втората фаза на 11-то Европско првенство, откако во последното коло, во крајно драматичен натпревар, ја победија Австрија со 22:21 (12:10)…
Избраниците на селекторот Ивица Обрван, мечот го преломија во последните пет минути кога со серија од 3:0, негативата од 18:20, ја претворија во победа од 21:20.
Борко Ристовски со 19 одбрани (11 во првото полувреме) ја предводеше Македонија, стрелците ги предводеше капитенот Лазаров со осум голови, Ангеловски постигна три, а по два гола постигнаа Георгиевски, Стоилов, Манасков и Миркуловски.
Голманот Мариновиќ со 22 одбрани беше најдобриот играч на Австрија, додека најефикасен беше Шлингер со пет голови.
Во третиот натпревар македонската репрезентација, во третото коло против Австрија, го имаше најдоброто отворање на натпреварот и го одигра најдоброто прво полувреме на турнирот.
Сега го очекуваме исходот од натпреварот помеѓу Данска и Чешка, со тоа што доколку победи домаќинот Данска тоа ќе биде уште еден плус за нас, бидејќи ќе пренесеме 2 бода во следната фаза, доколку победи Чешка заедно со неа пренесуваме по еден бод.
Првиот натпревар од втората фаза на Европското првенство во Данска нашата репрезентација го игра веќе во сабота, но противникот засега не е познат.