
Македонската репрезентација со пораз од Унгарија 25:31 (9:16), стартуваше во втората фаза на 11-то Европско првенство.
Македонија го одигра најлошиот натпревар на ЕП, одбраната речиси и да не постоеше, а нападот во поголемиот дел беше анемичен, што беше доволно Унгарија да забележи нова победа во меѓусебните дуели.
Катастрофално го отворивме натпреварот, цели шест минути бевме без постигнат гол, па противникот си создаде пристојна предност, која во еден дел од првото полувреме изнесуваше и 8 гола, за на одмор да заминеме со минус седум (9-16).
Во вториот дел ја поправивме играта, Борко се разбрани, но немавме сили да направиме нешто повеќе, освен да не дозволиме поголема разлика.
Унгарците рутинирано го одржуваа водството, а во еден момент стигнаа и до највисоките девет гола предност (15-24), за на крајот да слават со 25-31.
Манасков и Пецаковски со по 5 погодоци беа најефикасни во нашиот тим, а на спротивната странаЧасар постигна 7 гола.
Извор: Sportski.mk