
Македонија е најсреќна европска земја на социјалната мрежа Instagram, покажа истражувањето на компанијата Jetpac која објави интересна листа на „најсреќни земји во светот“ составена врз основа на објавени фотографии на Instagram на кои луѓето се насмеани.
Компанијата анализирала повеќе од 150 милиони фотографии од оваа социјална мрежа од речиси шест илјади градови во светот, а потоа ги рангирала фотографиите и земјите според тоа колку често луѓето на фотографиите се насмеани.
Што повеќе насмевки, тоа подобри резултати.
На топ десет листата доминираат земји од Латинска Америка и една од Азија (Филипини на осмото место).
Македонија се наоѓа на 11.место и е прва европска земја на ранг листата.
Прва на листата е Бразил со т.н. smile score од 60,8 од можни 100.
Вака изгледаат првите 20 позиции на листата:
1. Бразил 60,8
2. Никарагва 59,4
3. Колумбија 49,8
4. Боливија 48,1
5. Костарика 47,4
6. Хондурас 47,2
7. Венецуела 45,2
8. Филипини 44,8
9. Гватемала 42,0
10. Мексико 40,1
11. Македонија 40,1
12. Казахстан 39,6
13. Панама 39,4
14. Ел Салвадор 36,2
15. Еквадор 35,3
16. Молдавија 34,1
17. Холандски Антили 34,1
18. Јужна Африка 33,6
19. Романија 33,4
20. Чиле 33,4
Извор: GSM.mk