И Македонија денеска го одбележува Светскиот ден за борба против аутизмот…

autizam1

Здружението „Во мојот свет“ почнува кампања под мотото „Еден свет за сите“ која ќе се одвива во текот на цел месец, а централниот настан ќе се одржи попладне во Скопје сити мол.

Аутизам е нарушување на невролошкиот развој, кое се одликува со намалена способност за социјализација и комуникација и со ограничено и повторливо однесување. Сите овие знаци се манифестираат пред три годишна возраст. Аутизмот делува на процесирањето информации во мозокот, со тоа што го менува начинот на којшто невроните и нивните синапси се поврзуваат и организираат.

Како доаѓа до оваа појава сѐ уште не е познато. Другите две нарушувања од спектарот на аутизмот (НСА) се синдромот Аспаргер, којшто не се одликува со заостанатост во когнитивниот развој и во јазикот, и ПНР-Н (первазивното нарушување во развојот – неодредено), кој се дијагностицира во случаи кога не се комплетно исполнето критериумите за другите два синдроми.

Научници од универзитетот Калифорнија веруваат дека промените во развојот на мозокот на фетусот можат да предизвикаат симптоми на аутизам и слични нарушувања.

Наодите кои ги објави „New England Journal of Medicine“ би можеле да го унапредат разбирањето за ова нарушување.

Според истражувачите, новите податоци уште еднаш ја нагласуваат потребата од рано откривање и третирање на аутизмот кога е уште можно да се модифицираат последиците воочени со промени на мозокот.

Во новата студија се користени податоци собрани со пост мортем анализа на мозокот на 22 деца на возраст од две до 15 години.

Со помош на низа генетски маркери е откриено постоење на абнормалностите во мозокот кај 90 деца со аутизам и само 10 отсто останати деца.

Воочените промени биле присутни и во делови на мозокот клучни за јазикот на таа социјална и емоционална комуникација.Станува збор за промени кои настануваат значително пред раѓањето, појаснуваат научниците.

Извор: Plusinfo.mk