
Ако мислите дека пиете многу кафе, изгледа ќе треба да побарате некоја база која ќе ја искористите за споредба, така најдборо ќе дознаете дали пиете многу кафе или не.
Додека луѓето во САД сметаат дека се нација која буквално живее само на кафе, излегува дека многу други земји се многу понапред во рангирањето.
Картата создадена од Quartz според податоци на Euromonitor покажува некои интересни факти. Холандија е неприкосновен лидер со речиси две чаши и пол на ден по глава на жител, а потоа следуваат Финска, Шведска и Данска – со повеќе од чаша помалку како потрошувачка. Македонија се наоѓа на 21-вото место, додека Србија е на 7-мо место, а Грција на 19-то. Интересно е да се забележи дека Турција со нејзиното уникатно турско кафе е на 41-вото место.
Од листата може да се види дека Кина и Индија речиси не консумираат кафе, но тоа можеби и не е изненадувачко, со оглед на разновидноста на чаеви, кои овие држави ги нудат.
Еве ја и комплетната листа:
Извор: Socialnet.mk