
Сивата економија е најголема во Бугарија, 31, 2 отсто, додека во Македонија таа достигнува до околу 30 отсто од БДП, објави порталот Фактор…
Делот кој отпаѓа на сивата економија меѓу европските држави, најголем е во Бугарија – 31,2 отсто и изнесува 12,8 милијарди евра, покажуваат податоците од истражувањето на консултантската компанија „Еј Ти Крни“.
Бруто внатрешниот производ на Бугарија изнесува 41,2 милијарди евра. Во Македонија сивата или неформална економија, според последните процени на надлежните министерства, достигнува дури и до 30 отсто од бруто домашниот производ или над 2 милијарди евра. Министерствата за економија и за труд и социјална политика, неодамна при презентацијата на акцискиот план за борба против сивата економија, посочија дека огромен дел од сивата економија отпаѓа на секторите индустрија и туризам, со што станува јасно дека неа не ја чинат само уличните продавачи и шверцерите.
Во Романија во 2013 година делот на сивата економија изнесувал околу 28,4 отсто од бруто внатрешниот производ во износ од 39, 5 милијарди евра, покажува истражувањето објави денеска романскиот весник „Адевирул“. Слично е во Хрватска.
Сивата економија се движи помеѓу 20-30% од БДП на земјите од Јужна Европа и е во просек 14% за оние од Скандинавија. Најмалку сива економија има во Швајцарија од 7,1 насто.
Извор: Plusinfo.mk