
Највисоките свештеници на афрокубанската религија Сантерија, познати како балалави, тврдат дека 2014 година ќе биде одбележана со епидемии, унишување на животната средина, растурање на семејствата и судири меѓу луѓето и државите кои би можеле да прераснат во војни…
Претставувајќи го „Годишното писмо“, извештај на нивната религиска група, после мистериозниот новогодишен ритуал со верско пеење и жртвување кокошка, коза, како и други животни, балалави исто така предвиделе дека оваа година ќе биде одбележана со смрт на повеќе значајни политички и верски лидери, но не ги наведоа нивните имиња.
Свештениците порачаа дека меѓусебното разбирање, соработка се единствен клуч за стабилна иднина на Куба и каде било на друго место.
– Дојде време младите луѓе да се отворат кон старите, а старите да ги прифатат со раширени раце. Дијалогот е единствено решение за овој свет – порача еден од основачите на „Годишното писмо“ за 1989 година, балалаво Лазаро Квеста.
Сантериската религија е мешавина на католицизам и африканска традиција Јоруба, а незините свештеници го објавуваат „Писмото“ секоја година околу 1 јануари.
Американските медиуми наведуваат дека пророштвата главно се неодредени, но понекогаш се случува некои настани да се совпаднат.
Минатиот јануари свештениците го посетија претседателот на Венецуела, Хуго Чавез, кој тогаш се бореше против ракот и почина во март.
Исто така, балалави предупредија дека во 2013 година ќе дојде до големи социјални немири, што се и случи во земјите како што се Египет и Сирија.
Извор: Plusinfo.mk