
Социјалдемократската младина на Македонија денеска се вклучи во одбележување на меѓународниот ден за борба против малигните заболувања, меѓу кои и ЛК на СДММ од Делчево…
Младите социјалдемократи од Локалниот клуб во Делчево активно се вклучија во одбележувањето на меѓународниот ден за борба против малигните заболувања.
Активностите на СДММ, под мотото „Едуцирана младина – здрава иднина“, се спроведоа во два дела, бидејќи приоритетната цел е зголемување на свеста и преземање заштитни мерки за спречување на ракот.
Во првиот дел од активностите младите социјалдемократи од Делчево одржаа трибина на која беа запознаени со причините за појавувањето на овие болести, како и тоа како да се препознаат, но и како кога ќе се утврдат истите да се спречат и излечат.
Трибината се одржа во просториите на ЛК на СДММ во Делчево , а истата ја водеше Д-р. Игор Јовановски, кој во своето излагање ги информираше присутните за симптомите и начинот на добивање на болеста и преземањето на превентивни мерки за нејзино спречување.
Самата трибината имаше интерактивен карактер каде младите поставуваа прашања и презентираа ставови, кои пред сè, се однесуваа на дополнителни мерки за заштита од рак и прашања поврзани со најчестата возраст за заболување од оваа болест.
Во вториот дел од предвидените активности младите од ЛК во Делчево изработија симбол панделки, кои се заштитен знак на овој интернационален ден и залепени за многубројни пораки потоа беа поделени на случајните минувачи во центарот на градот каде што истите беа запознаени за симптомите и начинот на добивање на болеста и преземањето на превентивни мерки за нејзино спречување.