Средношколец од делчевското село Вирче бил нападнат од куче на патот кон училиштето, при што момчето стигнало дури до Штипската клиничка болница…

Military Working Dogs

Станува збор за 17-годишниот Марио Ш. од делчевското село Вирче кој откако на пат кон училиштето го нападнало овчарско куче  заврши во Штипската клиничка болница.

Силата на бесното куче била поголема од силата на момчето, па како последица на нападот 17-годишниот Марио завршил на земја, а забите на кучето во неговата нога.

Трагедијата можела да биде и многу поголема, но интервенцијата на соседите спречиле поголем проблем, но сепак момчето не поминало без последици.

При падот Марио ја скршил и раката што при прегледот ја утврдиле штипските лекари што и било причина за интевенција на ортопедите во болницата.

Оваа не е прв случај куче да нападне човек и покрај тоа што се пропишани високи казни за сопствениците на кучињата кои истите ги пуштаат и ги шетаат без заштитни маски на устата. Пред неколку дена истото се случи и во Скопје каде што куче нападна жена и ја спружи на улица, а сопственикот на кучето доби и соодветна пријава.