Одговорот на ова прашање можеби се чини лесен, бидејќи најпознатата социјална мрежа во светот сите ја поврзуваат со нејзиниот основач Марк Цукерберг…

03facebook.xlarge1-564x272

Но, во реалноста, работите се поинакви и откако Фејсбук започна да котира на берза, уделот на Цукербег во компанијата се намалува.

Според последниот извештајот, уделот на акции во сопственост на основачот и CEO Марк Цукерберг во компанијата Фејсбук сега изнесува помалку од 20% – поточно 19,6% или 478,9 милиони акции.

Пред една година, Цукерберг имаше околу 30 отсто во акции. Тој минатата година продаде 2,3 милијарди долари удел во најголемата социјална мрежа, а поголем дел поради плаќање данок.

Сепак, уделот на останатите акционери во Фејсбук и натаму е помал од оној на Цукерберг. Меѓу најголемите акционери во социјалната мрежа се Асел партнерс (удел околу 10%), Дастин Московиц (7,6%), Диџитал Скај Технолоџис (5,4%), поранешните вработени во компанијата Едуардо Саверин и Шон Паркер (по 4%).

Освен ова, поради фактот што вредноста на акциите на Фејсбук речиси двојно се зголеми во 2013 година, и покрај намалениот удел, имотот на Цукерберг се зголеми за 12,4 милијарди долари.

Извор: Faktor.mk