
Минатата година, Wall Street Journal направи истражување врз американските, британските и австралиските потрошувачи за да види кои брендови уживаат во голема лојалност. Ова подразбира потрошувачот да го сменил својот телефон со нов од истата марка…
Вкупно учествуваа над 3,000 сопственици на паметни телефони, а прв на листата се најде Apple со дури 76% од потрошувачи кои го замениле својот iPhone за понов модел во текот на минатата недела. На второто место е Samsung со 58% од потрошувачи кои го замениле својот телефон за понов од истиот бренд, додека пак на третото место е LG со 38%.
На останатите 5 места се Nokia, HTC, Sony, Motorola и Blackberry. Истражувањето јасно ни покажува дека компанијата Apple ужива во лојалноста на своите потрошувачи, кои продолжуваат да ги купуваат новите модели и покрај лошата репутација која започна да се развива во текот на минатите години дека нема веќе иновации и реални подобрувања кај iPhone-ите.
Минатиот месец беше направено уште едно истражување во Велика Британија, каде што 60% од вкупно 2,000 испитаници изјавија дека имаат “слепа лојалност“ кон Apple, односно би купиле нов производ од компанијата дури и без да го видат и да ги прочитаат неговите спецификации.
Извор: GSM.mk