
Денеска Македонската кошаркарска репрезентација во Барселона ги доби противниците во квалификациите за Европското првенство во Украина кое ќе се одржи во 2015 година.
Остануваат уште 13 слободни места за на континенталниот шампионат кој следната година се игра во Украина. Денешната ждрепка во Барселона не смести во Групата Д заедно со репрезентациите на Белгија, Белорусија и Данска.
На Европското првенство директно се пласираа: Франција, Литванија, Шпанија, Хрватска, Словенија, Украина, Србија, Финска, Грција, Турција и Естонија.
Квалификациски групи за пласман на Евробаскет 2015:
Група А: БиХ, В. Британија, Исланд.
Група Б: Црна Гора, Израел, Бугарија, Холандија.
Група Ц: Германија, Полска, Австрија, Луксембург.
Група Д: Белгија, МАКЕДОНИЈА, Белорусија, Данска.
Група Е: Чешка, Грузија, Португалија, Унгарија.
Група Ф: Летонија, Шведска, Словачка, Романија.
Група Г: Италија, Русија, Швајцарија.
Извор: Sportski.mk