
Рендал Олсон, кој има дипломирано на Универзитетот во Мичиген, спроведе интересно истражување користејќи го најпопуларниот интернет пребарувач на светот „Гугл“….
Тој сакал да види што најмногу ги интересира луѓето за европските земји, па ја искористил функцијата на Гугл за автоматско довршување на речениците.
Рендал во пребарувачот го пишувал почетокот на реченицата, на пример „Зошто Македонија…“ во која би го менувал само називот на државата, а Гугл автоматски би му нудел завшеток на прашањата кои најмногу луѓе ги поставиле на нивниот сајт.
На овој начин Рендал успеал да направи интересна мапа на Европа, па така луѓето на интернет се прашувале зошто Германија е толку богата, а Франција „геј“, додека други се прашувале зошто Шведска е среќна, а Хрватска убава.
За поголемиот дел од европските земји, најмногу луѓе прашувале зошто се сиромашни, додека за Македонија се интересирале зошто е толку важна.
Извор: Sky.mk