
Како нов тренер на актуелниот македонски шампион се најавува славниот германски стручњак Лотар Матеус, што своевидно би била и трансфер „бомба“ за зимскиот преоден рок- пишува Екипа.
Вакви најави доаѓаат од нашиот северен сосед, каде очигледно во моментов се многу подобро запознати за тоа какви ќе бидат следните чекори на новото раководство на ФК Вардар, кој дојде во рацете на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, пишува Екипа.
Исто така се шпекулира дека српскиот фудбалер Саша Стојановиќ кој моментално игра Раднички Ниш е потенциран како ново засилување.
Извор: Sky.mk