Од Општина Делчево денеска изјавија дека од понеделник 31-ви март ќе започне со реконструкција улицата “Никола Јонков Вапцаров” во централното градско подрачје…

20140202_152440-534x300

Денеска на прес конференција од Општина Делчево изјавија дека од понеделник 31-ви март ке започне со реконструкција една од најраскопаните улици во градот Делчево во централното градско подрачје “Никола Јонков Вапцаров”.

Поради тоа од Општината најавуваат дека во текот на реконструкцијата на улицата истата во некои периоди во текот на изведување на работите ке биде целосно затворена за сообраќај, па затоа апелираат до граѓаните за разбирање додека траат градежните зафати.

Повеке од една година на улицaта Никола Ј. Вапцаров  во Делчево владее тотален хаос. Раскопана, со многу големи дупки и камења стои уште пред локалните избори минатата година во Делчево кога беше предвидена нејзината реконстукција.

20140202_150714-534x300

 

20140202_150815-534x300

Како и што ОБЈАВИВМЕ на почетокот на февруари дека граѓаните ке почекаат за реконструкција до крајот на март тоа и се остварува, непосредно пред претседателските избори.

Останува неодговорено прашањето зошто оваа улица мораше да чека за нејзината реализација цела година и зошто случајно или не истата ќе започне да се реконструира и ќе биде завршена пред пред претстојните пратседателски избори.

20140202_150653-534x300

Како и да е добро е што конечно истата ќе добие нов асвалт и нови тротоари со што граѓаните конечно ќе може да здивнат и да се спасат од правта што ги  гушеше цела година наназад.