Се со времето – веројатно има причина зошто некои технолошки достигнувања се појавуваат токму во определен период…

iphone_5s_gallery_comparisons_hero_10-564x272

Технолошкиот новинар Брет Свонсон се обидел да пресмета колку би чинел Ајфон од моделот 5С да се произведуваше во 1991 година, а притоа ги зел предвид цените на сите негови компоненти.

Тој на оваа идеја дошол откако прочитал еден напис во кој се споредувала технологијата во 90-тите и денес и во кој било наведено дека Ајфонот заменува дури 13 стари електронски уреди (ЦД плеер, фотоапарат, видео камера, телефон итн.). Сите овие апарати на почетокот на 90-тите мораше да се купуваат одвоено и за нив се плаќаше многу повеќе отколку што е цената на Ајфонот денес.

Така производството на телефон со спецификации како Ајфон 5С во 1991 година би чинело неверојатни 3,56 милиони долари, а во оваа цена не се вклучени цените на камерата, детекторот за движење, екранот и софтверот, така што вкупната цена би била дури и далеку повисока. Свонсон вели дека во 1991 година цената на 1 гигабајт хард диск чинел околу 10.000 долари, додека 1 гигабајт флеш меморија би чинела околу 45 илјади долари.

Со оглед на тоа што Ајфонот користи флеш меморија, цената на 32 гигабајти таква меморија пред повеќе од 20 години би изнесувала дури 1,44 милиони долари. На сличен начин тој се обидел да пресмета и колку би чинел еден процесор со перформанси слични на А7 процесорот на Ејпл и дошол до вредноста од 620 илјади долари, а трошокот за технологијата за мобилни комуникации и WiFi би изнесувал дури 1,5 милиони долари.

Сепак, Свонсон наведува дека е исклучително тешко да се споредуваат цените на различните компоненти и напоменува дека се работи само за груба проценка, но и таа секако покажува колку напредувала технолошката револуција во овој период.

Извор: Faktor.mk