
Електронскиот систем за јавни набавки покажува дека само за шест месеци, од 1 јануари до 30 јуни 2012-та година, претседателот Иванов купил вратоврски во вредност од 359.900 денари или околу 5.000 евра, објави порталот Либертас.
Во документот се наведени сите т.н мали набавки, односно набавки до 5 илјади евра, за кои тогаш не бил потребен оглас, туку стоките и услугите се набавувале врз основа на избор на три најдобри понуди.
Во точката 5 од евиденцијата на постапките со барање за прибирање понуди стои дека шефот на државата од „Фокабо“ набавил вратоврски за повеќе од 5 илјади евра.
Иванов нарачувал и анкети и истражувања од Институтот за политички истражувања кому исто така за услугата (точка 7) му исплатил околу 5 илјади евра. Актерот Игор Стојчевски (точка 15) за модерирање на настаните на кои учествувал шефот на државата добил хонорар од 359900 денари, колку што чинеле вратоврските што биле купени за претседателот, пишува порталот.
Извор: Faktor.mk