Секојдневните умерени вежби не се погрешни, исто како што не се погрешни ни интензивните вежби еднаш неделно…

kkkkkkkkkkkkkk

Работата е што вушност сакате да постигнете со вежбите, дали сакате поголеми и подлабоко изразени стомачни мускули, или убаво изрезбани “плочки”.

За функционалноста на стомачните мускули најважно е редовното тренирање. Со редовното тренирање го зајакнувате трупот и ја зајакнувате поддршката на стабилност на ‘рбетот. За да се нагласат “плочките” потребно е да прескокнете некои препреки (поврзани со исхраната) и да вложите малку повеќе труд. Прашањето е дали сакате големи и длабоко изразени стомачни мускули, или помали плочки, изрезбани како оние на маратонците.

Честа дилема на ова прашање е дали за подобри стомачни мускули потребно е интезнивно вежбање секој ден, или еднаш-два пати неделно. Ниту едното ниту другото е погрешно, но само ако правилно пристапите кон тоа.

Првиот начин со интензивно вежбање со два-три пати неделно е многу почесто употребуван. Зошто? Поголем дел од мажите не се атлетски градени. Почести се оние луѓе со висок процент на масно ткиво околу стомакот (преку 15%). Кај овие луѓе најпрепорачливи се интензивните вежби (со подигање на нозете во вис), без долги серии. Потребно е да посветите 30-40 минути за тренинг само на стомачните мускули.

А бидејќи и стомачните мускули се сепак мускули, потребен им е одмор со што ќе имаат простор за обновување на мускулното влакно. Токму заради тоа, после ваков напорен тренинг потребни се 2-3 дена пауза со што ќе заклучиме дека 2 до 3 тренинзи неделно се доволни.

Ако не сте заинтересирани за големи и истакнати плочки, или имате мал процент на масно ткиво, вежбајте умерено на секој тренинг. Практикувајте вежби со кој можете да направите повеќе серии со многу повторувања.