
Новото истражување покажало дека треперењето поради студ може подеднакво да дејствува на губитокот на килограмите како и вежбањето…
Во текот на треперењото, како и во текот на вежбањето, се произведуваат хормони кои стимулираат создавањe на таканаречена кафеава маст која е добра за согорување на калориите.
Порано се мислело дека кафеава маст имаат само бебињата. Меѓутоа, научниците ја откриле и кај возрасните лица, а оние кои ја имаат се послаби. Околу 50 грама кафеава маст може да согори 300 калории дневно.
Истражувањето го спровел Пол Ли од сиднејскиот медицински институт, а испитаниците биле изложени на студ сè додека не би почнале да се тресат од студ.
Откриено е дека околу 10 до15 минути тресење го поттикнува развојот на ирисин до истото ниво како и еден час вежбање. Токму тие хормони ги активираат кафеави, добри маснотии во телото со што се подобрува согорувањето на калориите.
Извор: Plusinfo.mk