
Во разни бодибилдинг списанија можат да се прочитаат секакви работи поврзани со програмите за вежбање кои знаат да траат и по два часа, па и повеќе…
Истите тие списанија забораваат да откријат слики од тајните на тренингот на “Mr. Universe”, како и слики од неговото катче полно со анаболитички стероиди кои денес сè почесто се користат во светот на професионалните бодибилдери.
Во секој случај, што поголема долготрајноста на тренингот не значи поголеми мускули! Факт е дека човечкото тело може да поднесе само одредена количина “злоупотреба” пред да се “згасне”. А во случајот, тренинг со големи тежини има своја граница до околу 60 минути напор.
Зависно од секој организам, некој можеби не чуствува замор и после 1 час напорен тренинг, но важно е да го ограничите тренингот на максимални 60 минути затоа што во организмот започнуваат катаболитичките процеси и се чуствува огромен пад на тестостеронот.
60 минути се доволни за да се одработи одредена мускулна група, се разбира во овие минути се вклучени и сите паузи меѓу сериите и повторувањата. После 60 минути интензивно вежбање, растот на тестостеронот опаѓа и тоа драстично (до 80%). Со оглед дека овој хормон е клучен за изградба на мускулите, по секоја цена треба да избегнувате било каква ситуација која доведува до опаѓање на овој хормон, а предолго времетраење на тренингот е секако една од тие ситуации.
После штетното делување на вашиот хормонален состав, вежбањето подолго од 60 минути ќе го зголеми заморот и психички и физички, што ќе резултира со потреба од подолг одмор. На сето ова се додава и факторот мотивација која однапред знаете дека нема да биде на високо ниво после такво мачење во теретана.
Затоа, тие 60 минути квалитетно изработете ги во теретана со што ќе постигнете максимално “оштетување” на мускулите, а потоа право во кујна за да ги нахраните.