
Уште само неколку дена не делат од финалето на мегапопуларното шоу Х-фактор, на кое по неколкумесечно натпреварување конечно ќе се прогласи и победникот.
Нашиот натпреварувач Даниел Кајмакоски на својот Фејсбук профил пред неколку дена ги објави официјалните правила за гласање. Петмината финалисти ќе испеат по една песна, по која ќе има пауза за гласање. Двајцата натпреварувачи со најмалку гласови излегуваат од понатамошното натпреварување.
Преостанатите тројца ќе испеат по уште една песна, а потоа повторно ќе има гласање по кое ќе излезе уште еден натпреварувач. Останатите двајца ќе испеат уште по една последна песна, по што конечно ќе биде прогласен победникот на Х-фактор.
Даниел Кајмакоски постојано на својот Фејсбук профил им се заблагодарува на обожавателите за поддршката, ветувајќи им дека многу вежба и сериозно се подготвува за финалето.
Извор: Think.mk