Сигурно се прасувате кои се најстудените места во светот и каде е измерена најниската температура.Погледнете во продолжение…

antartik

Интернатионал Фаллс е град во американската држава Минесота со просечна годишна температура од само два степени Целзиусови, па сосема оправдано го носи прекарот “Icebox of the Nation”. Станува збор за еден од најстудените градови во Америка. Неговите граѓани годинава успеаја да ја пребродат тешката зима со рекордна ниска температура каква што не е забележана уште од 1967 кога се измерени минус 38 степени. Годинава во јануари имаа рекордни и неверојатни 40 степени под нула!

Снаг е мало местенце во близината на Јукон во Канада кое има десетина жители, а некогаш благодарение на воениот аеродром, по бараките спиеле дури дваесетина припадници на воздухопловните сили. Аеродромот е затворен во шеесеттите години, што не е ни чудно со предвид на ниските температури кои морале да ги трпат, а често се случувало да доживеат триесет или четириесет степени под нулата. Рекордот засега стои на точно минус 63 Целзиусови, а поставен е во далечната 1947 година. Метеорологот кој ја измерил температурата имал големи проблеми да ја констатира затоа што живата била далеку под минималната граница означена на термометарот.

Норт Ице е име на истражувачката станица која во 1952 година ја основаше британската експедиција за време на двегодишното истражување на Гренланд. Станицата инаку се наоѓа на самиот центар на Гренландската ледена плоча. За време на експедицијата дури шестнаесет пати е измерена температура пониска од 59.4 степени под нулата, а најниската е точно минус 66.

Ако се прашувавте читајќи досега „Добро, кај е Сибир?“ – Е па, еве го! Освен што е главно пристаниште на реката Лена, Јакутск е главен град на регионот Јакутија и еден од најстудените, ако не и најстудениот град на земјината топка. Градот има околу 210 илјади жители и не е отсечен од остатокот на светот. Плус има два аеродроми, а и реката Лена е пловна, додуша само в лето. Патиштата се во одлична состојба. Кога станува збор за температурата тешко е да се поверува дека просечно в зима таа се спушта на минус 50 степени. Просечно!

Осум дена пат и 675 километри од Јакутск се наоѓа Веркхојанск, гратче кое е достапно само в зима кога се смрзнуваат езерата бидејќи до него нема пат. Затоа има аеродром, а лежи и на пловната рекал Јана. Со оглед на тоа што има само 1400 жители, Веркхојанск само формално се води како град, а пред неколку години беше трет меѓу најмалите градови во Русија. Местото е богато со природни ресурски како што е златото, но иронично, никој не го копа поради екстремно ниските температури кои знаат да се спуштат и до 69 степени под нулата. Инаку просекот е пријатни минус 49 степени. Логично, овде најмногу се зборува за Сибир, па затоа еве уште еден тамошен претставник, поточно рекордер.

Ојмиакон е село кое исто така се наоѓа во регионот Јакутија, а може да се пофали со фактот дека е најстуденото населено место на земјата. Најниската забележана температура измерена во далечната 1926 година изнесувала неверојатни минус 71.2 степени Целзиусови. Просечната зима е толку студена што не сакате да помислите на тоа. Обично во просек е 50 степени под нулата.

Кога се работи за научни бази, станицата Восток на источниот дел на Антарктикот, недалеку од Јужниот пол е неприкосновениот број еден. Восток е основан во 1957 година како советска станица за истражување работеше цели 37 години. Денес им служи на Русите, Американците и Французите. Најниската температура која е таму забележана е измерена во 1983 година, а изнесува 89.2 степени под нулата! Местото е навистина негостољубиво, но без оглед на тоа, и на просечната температура од минус 65 Целзиусови, 13 вредни научници среде зима непрекинато се маткаат по снегот и мразот.