Погледнете ја листата на места кои не се баш прикладни за сексуални активности…

o-sex-facebook-9139f74e

Такси

Сексот во такси изгледа примамливо во филмовите, и само таму. Ако во реалниот живот го направите овој потег, возачот најпрво ќе ви упати заканувачки поглед, а потоа ќе ве исфрли или пак, не дај Боже, ќе ви се приклучи.

Гробишта

Самата помисла на секс на гробишта е по малку морничава, но на луѓето сè може да им текне. А можеби некому му е баш фетиш да го направи тоа на такво место. Сепак, нам не ни звучи воопшто пријатно.

Црква

Не е баш најдоброто место за активности од ваков тип. Дури и да доживеете експлозивен оргазам и десет пати да викнете „О Боже“, гревот нема да ви биде опростен. Оваа локација ја сместуваме во една од најлошите!

Тоалетот во ноќниот клуб

Запознавате совршена прилика, флертувате некое време, се опуштате со неколку пијалоци и ете како до кратко и слатко задоволство. Меѓутоа, ова не е баш најдоброто место за овие работи. Тоалетите во ноќните клубови најчесто претставуваат место каде што одите само кога навистина не можете да издржите. Сигурно не сакате да згазите на нечиј неред, фрлена влошка или тампон…

Авион

Колку пати сме виделе на телевизија сцена во која заљубен пар го користи тоалетот од авионот за секс. Навистина делува примамливо и како нешто што мора да се проба барем еднаш во животот, но не е баш најсреќното решение. Тој тоалет е толку мал, што едвај собира и еден човек, а може и лесно да се повредите. Или пак да ве фатат и да ве казнат.

Евтин хотел

Споменавме нечист тоалет. Ова е нешто слично. Колку и да ви се чини како идеално решение партнерот или партнерката да го/ја одведете во некој хотел, мотел или преноќиште за малку пари, подобро немојте. Освен ако знаете дека редовно ја перат постелнината на високи температури.