Во една година напредокот на технологијата расте како за десет години, а во овие 12 месеци беа претставени интересни гаџети и изуми.

1. Oculus Rift

Овој уред е наменет за гејмери кои сакаат да бидат дел од виртуелниот свет на видео игрите. Иако целокупниот проект е во фаза на развивање, сепак овие очила им даваат нова димензија на видео игрите.

2. Платформи за кратки видео форми

Почнувајќи од Vine, Instagram, Snapchat, сега е многу полесно и поедноставно да се споделат кратки видео снимки со пријателите или семејството.

3. Паметен часовник

Денешните паметни часовници не се баш визуелно атрактивни, но кога ќе се потсетиме на првите мобилни телефони кои на почетокот исто така изгледаа неатрактивно, останува да видиме во кој правец ќе се развива овој гаџет.

4. Google Glass

Овој гаџет беше најавен во 2012 година, а во 2013 можеа да го тестираат одбрана група луѓе. Станува збор за уникатен гаџет во својата категорија, претставува револуција во технологијата, а во 2104 година се очекува да стане достапен за сите љубители на гаџети.

5. Touch ID

Кога Apple го најави најновиот iPhone 5S, во уредот беше вклучен и системот Touch ID кој го скенира отисокот од прстите што пак функционира како лозинка за уредот. Оваа нова технологија на читачи на отисоци ветува нова генерација гаџети и технологија која досега само ја гледавме во филмовите.

6. Hyperloop

Елон Маск го откри дизајнот за футуристичкиот проект на супер брз транспортен систем. Ако се покаже како успешен, овој систем би достигнувал брзина и до 1.280 километри на час.

7. Xbox One + Kinect = уникатно искуство

Microsoft конечно го лансираше долгоочекуваниот Xbox One, откако корисниците беа малку лути бидејќи последниот Xbox 360 беше лансиран во 2005 година. Тоа што го прави посебен овој гаџет е неговата интегрираност со Kinect кој ги „чита“ движењата на телото и гестикулациите на рацете на корисниците за да ги обедини сите елементи.

8. Сите картички во една

Google и Apple веќе неколку години сакаат да ги дигитализираат нашите паричници, а најновиот проектот Coin ја реализираше оваа идеја поедноставувајќи го целиот концепт. Лансирањето ќе биде претставено идната година.

9. Селфи фотографии во вселената

Без разлика дали некому тоа му се допаѓа или не, но во оваа година доминираа селфи фотографиите, а социјалната мрежа Shots of Me е доказ за тоа. Но, никој не може да биде толку оригинален како компанијата Planetary Resources која купи телескоп со кој може да правите селфи фотографии од вселената.

Извор: GSM.mk