
Козите се далеку поинтелигентни отколку што се мислело досега, е заклучокот на група британски и швајцарски научници кои овие домашни животни ги проучувале во подолг временски период…
Наспроти релативно малиот мозок, козите се способни брзо да учат и да запаметат комплексни задачи. Истражувачите чија студија е објавена во магазинот „Frontiers in Zoology“ направиле експеримент со помало стадо кози во Кент, Англија.
Животните биле тренирани од кутија да вадат храна така што најпрвин со устата ja повлекувале кутијата, а потоа ја кревале муцката за да ја добијат својата награда. Девет од 12 кози успеале да ја совладаат задачата во 12 обиди. Способноста на козите да ја запаметат задачата била тестирана месец дена , а потоа го повториле тоа по 10 месеци. На козите им било доволно 2 минути да се се сетат како да дојдат до вкусната храна.
Овие резултати сметаат научниците може да објаснат зошто козите лесно се навикнуваат на тешки услови во природата и како доаѓаат до храна.