
Кога запознаваме некој што ни се допаѓа на интернет и на социјалните мрежи се служиме со мали бели лаѓи колку да ја разубавиме реалноста.
Еве кој се најчестите лаги со кој сакаме да го привлечиме вниманието на остатокот на светот.
Висина и тежина:
Поголемиот број на портали кои служат за запознавање, на корисниците им нудат опција да го категоризираат своето тело според тоа како е градено но голем број на машки или жени намерно ќе ја спуштат тежината или ќе ја покачат висината дури и за неколку категории.
Изглед:
Интернетот е полн со „атлетски“ изјвајани мажи и жени. Проблемот е што голем број на луѓе не разбираат што е тоа атлетска градба на телото. Оваа опција подеднакво ја користат и послабите но и оние подебелите затоа што е доволно неодредена.
Години:
Еден портал за запознавање спровел истражување за тоа колку се лаже во врска со годините. Резултатите биле изненадувачки: Дури третина од жените и 17 проценти од мажите лажат во врска со своите години.
Приходи:
Мажоте најчесто лажат околу свиоите приходи. Дури 20 до 40 проценти од нив лажат во врска со ова прашање затоа што знаат дека жените ќе излезат со некој кој може да си дозволи повеќе.
Хоби и работа:
Многу мажи лажат во врска со позицијата која ја имаат на работното место дури некои и лажат дека имаат работа но во реалноста немаат. Сето тоа го прават со цел да привлечат што е можно повеќе партнерки. Жените од друга страна лажат но со помал интензитет.