По повредата на Велко Маркоски и проблемите со зглобот кои ги има Гоце Ојлески, денеска тренингот пред мечот Исланд, го пропшти нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров.

kiril_lazarov22

Лазаров според информациите се пожалил на болки во препоните на неговата одразна нога и како превентива го пропуштил тренингот.

Оваа повреда му предизвикува проблеми на Лазаров од поодамна, но се претпоставува дека ќе настапи утре во 16 часот со мечот против Исланд.

Последен пат Лазаров проблеми имаше на дуелот против Шпанија во мечот во Скопје кој се одигра во септември.

Извор: Sky.mk